EN

DE

IT

НИСКО ЈАГЛЕРОДЕН ЧЕЛИЧЕН ГРАНУЛАТ

ЧЕЛИЧЕН ГРАНУЛАТ - ПРИМЕНА НА ПРОИЗВОДОТ

Железник АД има 40 годишно искуство во производството на ниско јаглероден челичен гранулат. Челичниот гранулат содржи 0.12–0.17% јаглерод, има бантонитна структура и затоа поседува оптимални својства во смисла на издржливост и тврдост. Нискиот процент на јаглерод дава 30% повисока трајност на нашиот гранулат отколку на високо јаглеродниот гранулат ( Ervin Тest - K100 durability ). Тврдоста на зрната е дефинирана од содржината на јаглерод. Процесот на производство на нашиот ниско јаглероден челичен гранулат е проследен со термички процес на сушење, кој има корисен ефект на калење. Зрното не содржи пукнатини. Контролата на квалитетот е постојана, преку чување на примероци од секоја испорака на гранулат за понатамошно лабораториско испитување.

 

Посакуваната оперативна мешавина ( вистинскиот баланс помеќу перформансите за чистење и добрата покриеност ) може да биде постигната со комбинирање на повеќе разлини големини на зрното.

 

ХЕМИСКИ СОСТАВ:

C = приближно 0,10 - 0,17 %

Si = приближно 0,10 - 0,25 %

Mn = приближно 1,00%

P = максимално 0,035%

S = максимално 0,035%

 

ТРАЈНОСТ: ЕРВИН ТЕСТ K100 = 3000 - 3500 циклуси

ТВРДОСТ: HRc = 40 - 45; HV = 400 - 480

СПЕЦИФИЧНА ТЕЖИНА: cca 7,5 кг/дм3

НАСИПНА ТЕЖИНА: cca 4,4 кг/дм3

МИКРОСТРУКТУРА: Бантонитна

1. ЛЕАРНИЦИ

Челичниот гранулат се користи за пескарење ( отстранување на контаминанти од оксидиран слој и песок ). Гранулации кои се користат во зависност од големината на одливокот:

За челични одлеаноци се употребува: S280, S330, S390, S460, S550, S660, S780, S930

За одлеаноци од нодуларно железо и сив лив се употребува: S170, S230, S280, S330, S390, S460, S550, S660

За одлеаноци од обоени метали (Al, Cu легури итн.) се употребува: S170, S230

 

2. ЧЕЛИЧНИ МЕЛНИЦИ, КОВАЧНИЦИ, ВАЛАВНИЦИ

Се користи за: отстранување на оксидиран слој, одмастување или за постигнување на рапав ефект на површината за подобра финална обработка со боја.

За полупроизводи се употребува: S230, S280, S330, S390, S460, S550, S660

За челични конструкции се употребува: S170, S230, S280, S330

За секундарен отпаден метал се употребува: S110

За профили се употребува: S170, S230, S280, S330

За цевки се употребува: S170, S230

За шини се употребува: S170, S230

 

3. Челичниот гранулат се користи за фино полирање на алати, големи делови и листови од легирани челици. Се употребува: S110, S170

 

4. Челичниот ранулат се користи за набивање ( зголемување на силата и отпорот на абење ) кај рамни и спирални пружини, ролери, навртки, конектори. Се употребува: S170, S230, S280

ЧЕЛИЧНИ ОДЛЕАНОЦИ

1. ЗА РУДАРСКА, ДРОБЕЧКА И ЦЕМЕНТНА ИНДУСТРИЈА

2. ЗА ГРАДЕЖНИ И ЗЕМЈОДЕЛСКИ МАШИНИ

3. ЗА ТЕРМО ЦЕНТРАЛИ

4. ЗА МАШИНСКИ ДЕЛОВИ И АЛАТИ

©2014 zeleznik.com.mk     |     Сите права се задржани.